Luj Viton – од куфери за патување до луксузен бренд стар 170 години

Луксузните чанти станаа знак на престиж, а компанијата стана светски позната. Денешното раководство успешно балансира помеѓу старата традиција и иновацијата, токму како што правел и самиот Луј.

Луј Витон денес е симбол на луксуз и француска мода, но пред скоро два века тоа беше само име што го користел Французин кој се преселил во Париз во потрага по работа.

Луј Витон е роден во источна Франција на 4 август 1821 година и бил многу врзан за својата мајка. Мајка му починала кога имал 10 години, а татко му се повторно оженил. На младиот Луј не му се допаднала новата жена на неговиот татко, па одлучил да се пресели во Париз, пренесува Index.hr.

Во Париз работел разни работи за да преживее, а потоа добил постојана работа во продавница која произведувала патни сандуци. Бил тоа период на индустриски откритии и општеството околу Витон брзо се менувало.

Младиот Витон често му велел на својот работодавач дека патните куфери треба да се редизајнираат. Патувањето со воз стануваше сè попопуларно, па требаше да се направат нови, полесни и помали сандаци кои ќе го олеснат патувањето. Конечно, сам ја реализирал својата идеја. Отворил своја продавница и започнал да се профилира како иновативен дизајнер од Париз.

Неговите куфери за патување ги купила и сопругата на царот Наполеон III, па Витон сè повеќе почнал да работи со француската елита. Брзо бил ангажиран да дизајнира патни чанти за царицата. Од тој момент живеел многу удобно во тогаш скап Париз.

Политиката речиси го чинела целата кариера. Кога во 1871 година избувнал војна помеѓу Франција и Прусија, Витон останал без клиенти и неговата продавница била ограбена.

Единствено што го спасило била неговата репутација, па можел да позајми пари за да се пресели на друга локација и да го обнови својот бизнис. По војната неговите чанти станувале сè помали, а брзо ќе ја осмисли и својата препознатлива мотив – беж платно со црвени ленти.

Луј Витон починал на 27 февруари 1892 година и ја оставил продавницата на својот син. Синот се покажал како успешен претприемач и го популаризирал брендиот надвор од Франција, посебно во САД, каде што бил многу ценет на почетокот на 20-тиот век.

Денес тоа е еден од најпрепознатливите француски модни брендови. Луксузните чанти станаа знак на престиж, а компанијата стана светски позната. Денешното раководство успешно балансира помеѓу старата традиција и иновацијата, токму како што правел и самиот Луј.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни