Луиџи Манџионе, човекот кој е обвинет за убиството на извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон, пред насобраната група на новинари кои чекаа пред судот во Пенсилванија извика: „Ова е навреда на интелигенцијата на американскиот народ“.
Манџионе, кој беше врезан со заштитна безбедносна полициска опрема кај половината и глуждовите, беше насилно изведен пред судот за сослушување за екстрадиција во врска со убиството на Томпсон на 4 декември пред хотел во Менхетен.
Луиџи Манџионе, дипломираше на престижниот „Универзитет на Пенсилванија“ а воедно беше и најдобар студент во неговото средно школо.
Ова е специфично убиство, бидејќи Луиџи има тесна поврзаност со бројот 286. Тој на својот „Х“ профил има покемон, кој е со реден број 286 во „Покидекс“ – листата на карактери од Покемон. Исто така тој има објавено поговорка од Библијата 28:6 – „Подобар е сиромашен маж со интегритет, отколку оној што е изопачен во своите патишта“. Луиџи има објавено 286 постови, додека неговиот братучед следи 286 луѓе. Крајот на овој број е кога тој беше уапсен во Мекдоналдс, кој се наоѓа точно на 286 милји од местото на убиството.
Дали е ова случајност или пак совршен план на интелегентен убиец.