LUFTHANSA: Додека ни е убаво ќе твориме

LUFTHANSA е името на бендот за кој до прва ќе се слуша, а сите оние кои се најдоа како публика на Д фестивал уживаа во нивната музика и тоа во живо. Не се дебитанти, веќе се со багаж на фестивалот покрај езерото, но за прв пат како LUFTHANSA. Не можевме, а да не ја почнеме приказната токму од името.

„Па за време на карантинот доста гледав скорсеза филмови. По десети пат го гледав Goodfellas. Ми остави впечаток Lufthansa heist, односно грабежот на Луфтханза аеродромот, бидејќи е смешан грабежот некако ми личеше LUFTHANSA како добро име за бендот. Инаку на Д фестивал сме втор пат, не во комплетно ист состав и под тоа име“, вели Мартин Џорлев – вокал

Меѓу другото посочува и дека музика не се прави без љубов. Тоа го темели на фактот што музиката е таа која ги споила членовите на бендот, бидејќи не сите се познавале меѓусебно. Сепак, смета дека особено младите бендови мора и треба да добиваат поголема поддршка.

„Немаш поддршка речиси од никој освен од многу ретки индивидуи и организации. Емотивно ако си влезен во тоа што го правиш тогаш е најлесното нешто на светот“, вели Мартин Џорлев – вокал

Неговиот оптимизам говори за тоа дека пречките се само мотив за нови успеси. Вели, ќе правиме музика додека ни се прави, се додека ни е убаво да твориме. А дека има кој да го цени тоа што го создаваат сведочи и публиката на Д фестивал 2024, која уште долго ќе ги сумира впечатоците од незаборавно, спектакуларниот настап.

Автор: Дениз Абдула

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни