„Луфтанза“ , младиот македонски бенд со експериментален и агресивен дух со концерт на 30-ти март во „Станица26“ ќе ги промовира новиот албум „Далеку од вистинското нешто“. Во четврток во „Котур“ ќе биде направена и слушачка промоција на албумот.
Албумот е издаден од страна на новата издавачка куќа Мртов Коњ, направена од Гола Планина Колектив, а првиот сингл од „Кула“ веќе е пуштен во етер.

– За четири дена е нашиот прв, вистински самостоен концерт, на кој воедно ќе го промовираме новиот албум „Далеку од вистинското нешто“, на кој ни гостуваат нашите другари Алембик и со кој започнува нашата европска турнеја до Талин, Естонија и назад. Нашиот нов сингл „Кула“ излезе во неделата. Сценариото и режијата се на Марко Печеновиќ, кој со Мирослав Илиќ ја направи и монтажата, додека за камера и реквизити беше задолжена Елена Билбилоска. Главен лик е Филип Лафазановски, велат дечките од „Луфтанза“.
По промоцијата во Скопје следуваат концери и во Белград, Будимпешта, Талин, Краков, Рига, Вилнус, Варашава и Љублана.
Новиот сингл а можете да го погледнете на следниот линк: