Лудото видео на A$AP Rocky за песната Tailor Swif го отсликува хаосот во кој живееме

A$AP Rocky ја објави неговата нова песна насловена како Tailor Swif, што алудира на најпопуларната поп ѕвезда во моментов Тејлор Свифт, но видеото за песната е тоа што привлекува најмногу внимание.

Видеото претставува вистински хаос и е режирано од Ванија Хејман и Гал Муџиа и снимено е во Украина пред почетокот на војната. Ужасните сцени, зградите кои се распаѓаат и горат, од денешен аспект изгледаат како мрачно предвидување.

Во секој случај, видеото е испреплетено со апсурдни реалности, еден вид паралелен и надреален свет со вознемирувачки суштества и понекогаш смешни пресврти.

Почнува со куче кое вози автомобил, а потоа продолжува со пијан зајак во мијалник, капучино во ВЦ школката, госпоѓа со цигари наместо коса и пони како домашно милениче што лежи на софата. На улиците владее хаос, панди во глутници, мечки кои разговараат со луѓе и A$AP Rocky на трактор со када. Накратко, специјалните ефекти на Ванија Хејман покажуваат хаотичен свет кој на некој начин го отсликува нашиот, војните, уништувањето, распаѓањето и малата верба во иднината. Можеби наместо да размислуваме за Тејлор Свифт, треба да размислиме за ова.

Според повеќето кои го изгледале видеото тоа е помеѓу најдобрите на сите времиња, со кименатографија како за блокбастер.

Во видеото секоја секунда изненадува и никој не може да претпостави што ќе се случи веќе во следниот кадар. На видеото на Јутјуб, фановите на A$AP Rocky коментираат дека видеото е како некој да ги собрал сите соништа и ги ставил во блендер.

Но освен видеото, песната стана популарна и поради нејзиниот наслов и алудирањето на Тејлор Свифт. Многу фанови на популарната поп пејачка го обвинуваат раперот дека го користи нејзиното име за да стекне слава.

Песната ќе биде дел од новиот албум на A$AP Rocky кој ќе се вика „Don’t be Dumb“ и ќе излезе оваа есен, иако првично беше најавуван за крајот на авугст.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни