Додека противникот излезе прв и беше пречекан со воздржан аплауз, салата буквално „експлодираше“ кога спикерот го најави името на српскиот ас. Навивачите скандираа, мафтаа со знамиња и извикуваа неговото име, создавајќи атмосфера каква ретко се гледа дури и на големите турнири.
Новак, кој во Атина се бори за својата 101-ва титула во кариерата, возврати со широкa насмевка, мавтајќи кон публиката и заблагодарувајќи се за поддршката.
Ѓоковиќ на турнирот го очекува тежок предизвик – против себе го има Табило, играч кој го има победено во нивните претходни два меѓусебни дуели. Сепак, светскиот број пет е решен да го прекине овој низ и да се врати на победничките патеки.
Од трибините поддршка му даде и Никола Милутинов, кошаркарот на Олимпијакос и репрезентативец на Србија, кој беше забележан како внимателно го следи мечот и бодри својот пријател.
Извор:Nova.rs