„Луциден сон“ ја откри својата „Тајна“ – нов сингл со впечатлив видео запис

Македонскиот музички проект „Луциден сон“ повторно ја освои публиката – по подолга творечка пауза, групата се враќа на сцената со нов сингл и видео запис за песната „Тајната“, која од синоќа е достапна на YouTube.

По подолга пауза, музичкиот проект Луциден сон се враќа со својот втор сингл – „Тајната“, кој од синоќа е достапен со видео запис на YouTube.

Песната е создадена и изведена со препознатливата меланхолична атмосфера на проектот, во која се спојуваат интимноста на авторскиот израз и современата продукција.

Автор на музиката и текстот е Костадин Стојаноски, вокалот го изведува Гоце Кантар, а продукцијата, миксот и мастерингот се на Savo Karelian Production (Финска).

Во песната учествува и Николина Василевска, чиј глас прекрасно го заокружува звучниот пејзаж. Видео записот е во режија на Елена Мелончели од Италија, со камера и монтажа на Чиветте студио, а во главните улоги се Марија Јовеска и познатата прилепска актерка Даниела Иваноска.

„Понекогаш, на некои работи им треба време да созреат, да искрчкаат, да се склопат сите коцкички за сонувањата да продолжат да се остваруваат. ‘Тајната’ ја носи токму таа енергија – на зреење, искреност и повторно будење,“ изјавува авторот Костадин Стојаноски.

Песната е објавена преку издавачката платформа Amuse, а видеото е достапно на YouTube каналот на Луциден сон.

Линк до видеото:

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни