Експертката за кинеска медицина, Нина Чен, откри колку често треба човек да има секс за да остане здрав и да го избегне стресот.
Таа на своите следбеници на социјалните мрежи им порача дека во кинеската медицина „недоволниот“ секс се смета за причина за болести.
„Древните кинески лекари верувале дека жените имаат поголема веројатност да доживеат поголема сексуална фрустрација, бидејќи тие биле предмет на различни општествени норми и можеби не им било дозволено да изразуваат сексуални желби за разлика од мажите“, рече таа, меѓу другото.
Според кинеската медицина, ако сте во 20-тите, треба да имате секс на секои четири дена, додека луѓето во 30-тите треба да имаат секс на секои 8 дена. Како што стареете, времето помеѓу оргазмите се удвојува.
Ако сте во 40-тите, водете љубов на секои 16 дена, а ако сте во 50-тите имајте секс на секој 21 ден. Луѓето во 60-тите би требало да имаат секс на секои 30 дена.
Извор: lepotaizdravlje.rs