Бебињата родени во октомври се многу посебни. Има неколку интересни карактеристики кои се карактеристични за овие малечки.
Истражувањата покажаа дека децата родени во овој месец се добри во спортот и се посилни од своите врсници. Ова може да биде поврзано со зголеменото производство на витамин Д во бременоста.
„Децата родени во октомври имаат повеќе коскена и мускулна маса. Тие порано стануваат активни и порано почнуваат да се занимаваат со спортски активности“, вели д-р Гавин Сандеркок од Универзитетот во Есекс.
Луѓето родени во октомври имаат поголеми шанси да доживеат 100 години. Докажано е и дека имаат помалку здравствени проблеми. Имаат помал ризик од депресија, кардиоваскуларни заболувања и помалку се склони кон алергии.
Покрај тоа, тие се природни лидери. Излегува дека во октомври се родени повеќе американски претседатели од кој било друг месец. Некои од нив се: Џон Адамс, Радерфорд Б. Хејс, Честер Артур, Теди Рузвелт, Двајт Д. Ајзенхауер и Џими Картер.
Извор: nacional.hr