Луѓе со одредени здравствени проблеми треба да избегнуваат консумирање сардини

Доколку се јадат редовно, можат да придонесат за подобрување на здравјето на целиот организам, бидејќи се полни со важни хранливи материи

За времето на постот, како и за летниот период сардините често се наоѓаат на менито, но некои луѓе треба да ги избегнуваат.

Поради високата содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и селен, сардините се многу здрави. Доколку се јадат редовно, можат да придонесат за подобрување на здравјето на целиот организам, бидејќи се полни со важни хранливи материи, според Американското здружение за срце и кардиоваскуларна болест, пишува „Вебмед“. Една порција сардини од околу 75 грама содржи 191 калории и е еден од најдобрите природни извори на есенцијални омега-3 масни киселини во светот.

Сепак, покрај многуте здравствени придобивки, сардини не се препорачуваат за секого. Пациентите кои страдаат од висок крвен притисок, гихт, камења во бубрезите треба да избегнуваат консумирање. Конзервираните сардини содржат големи количини сол, што не се препорачува за луѓе со висок крвен притисок.

Луѓе со висок крвен притисок
Сардините содржат многу сол. Една конзерва содржи околу една третина од дневната количина потребна за телото, па затоа ако имате висок крвен притисок, треба да го ограничите внесувањето. Ако сакате да ја намалите количината на сол, јадете помала количина сардини.

Оние кои имаат проблем со гихт
Најдобрата исхрана за гихт е онаа што е сиромашна со хемикалии кои се разградуваат во урична киселина. Кога имате гихт, урична киселина се кристализира во зглобовите, предизвикувајќи болка. Масните риби, како што се сардините, се богати со оваа хемикалија и треба да се избегнуваат.

Луѓе со камења во бубрезите
Истата урична киселина што предизвикува гихт може да доведе до камења во бубрезите, па затоа не се добар избор за оние кои се изложени на ризик од оваа состојба. Високата содржина на натриум во сардините може да го зголеми и калциумот во урината, што е уште еден фактор на ризик за камења во бубрезите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни