Search

Ловот, а не климатските промени, причина за изумирањето на големите цицачи како мамутите

Royal Victoria Museum, Victoria, British Columbia, Canada, 2018

Луѓето кои ги ловеле, а не климатските промени, како што досега тврдеа повеќето научници, директно се одговорни за истребувањето на големите цицачи кои исчезнаа од лицето на земјата во последните 50 илјади години, се тврди во новото истражување објавено на Архус Универзитетот во Данска, објави Кембриџ Присмс.

Под големи животни, кои често се нарекуваат и мегафауна, се сметаат оние чија телесна маса е над 45 килограми. За време на наведениот период, најмалку 161 врсти цицачи како мамути, мастодони, гигантски мечки и мрзливци се истребени од човековите активности.

Џиновските копнени тревопасни животни, чија тежина била повеќе од еден тон, настранале најмногу од стрели, копја или други ловечки оружја. Пред 50 илјади години во шумите и прашумите низ светот живелее 57 врсти вакви големи хербивори, додека денес има само 11 врсти од тие животи и сите тие се на работ на изумирање.

За истражувањето научниците користеле и податоци за климатските промени, промени во исхраната на животните и типот на вегетација во последните неколку милиони години и дошле до заклучок дека ловот драстично влијаел на намалувањето на бројот на животните.

Утврдено е дека драматичните климатски промени и студот за време на леденото доба во претходните неколку милиони година немале толку големо влијание за изумирањето на животинските видови и дека претставниците на мегафауната, успешно се прилагодувале на тешките животни услови.

Масовното изумирање какво што е забележно во последните 50 илјади години не е регистрирано во ниту еден период во претходните 66 милиони години, од изумирањето на диносаурусите.

Еден од научниците кои учествувале во истражувањето, доктор Кристијан Свенинг вели дека археолошките пронајдоци укажуваат дека раните модерни ловци располагале со ефикасни оружја за лов и дека најчесто се ловеле големи копнени цицачи, што довело до нивно изумирање.

Овие животни се најранливи, нагласува Свенинг, бидејќи имаат мал број младенчиња, чиј раст, како и сексуалното созревање, трае повеќе години.

Најново

Последни колумни