Лос Анџелес како „воена зона“: Се стравува дека има многу мртви

Десетици илјади луѓе се евакуирани, околу 10.000 објекти се уништени, а штетата се проценува на десетици милијарди долари.

Неколку големи пожари беснеат и понатаму во Лос Анџелес, а повеќето од нив не се сеуште под контрола. Официјалните лица потврдија дека има најмалку 10 смртни случаи, но се стравува дека бројот на жртви ќе порасне кога истражителите ќе можат безбедно да пристапат до населбите.

Десетици илјади луѓе се евакуирани, околу 10.000 објекти се уништени, а штетата се проценува на десетици милијарди долари.

Калифорниска сенаторка: Не се враќајте дома, не е безбедно
Жителите на Алтадина и Пасадена добија предупредување од страна на сенаторката која ги претставува тие области да не се враќаат на своите имоти. Саша Рене Перез, изјави за BBC дека пожарот Eaton во таа област е под контрола само 3% и нагласи: „Ова е уште многу активна ситуација и не е безбедно време за враќање во вашите домови.“

Заради висока концентрација на пепел во воздухот, Перез предупредува жителите дека моментално не е безбедно да се пие вода од чешмата.

„Им кажуваме на луѓето да пијат флаширана вода,“ додаде таа, напоменувајќи дека места како Пасадена Сити Колеџ делат резерви на вода.

Што се однесува до враќањето дома, сенаторката истакнува дека нејзината заедница се соочува со пожар „на такви размери“ за прв пат.

Пожарникарите се уште се борат со пет пожари, а ова е тековната состојба:

Палисадес: Најголемиот од петте пожари, моментално под контрола само 8% и део сега изгореа повеќе од 20.000 хектари. Eaton: Пожарот во кој досега изгореа 13.956 хектари, е под контрола одвај 3%. Lidia: Пожарот е под контрола 75% и зафатил 395 хектари. Hurst: Пожарот проголтал 771 хектар, а под контрола се само 37%. Kenneth: Напредувањето на овој пожар, кој неодамна се прошири, е запрено на 1.000 хектари, а под контрола е 35%.

Гувернерот на Калифорнија повика на независна истрага околу извештаите дека пожарникарите имале проблеми со снабдувањето со вода за време на гасењето на пожарите. Во објава на платформата X, гувернерот Гавин Њусом сподели писмо упатено до шефот на Одделот за вода и енергија на Лос Анџелес и директорот на Јавни работи на округот Лос Анџелес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни