Лорен Санчез не крие дека се плаши од патувањето во вселената: Не ми е сеедно

Лорен Санчез, вереницата на милијардерот Џеф Безос, зборуваше за нејзиното претстојно патување во вселената и кажа дека не ѝ е сеедно.

„Во нашата куќа ја користиме изреката ‘животот започнува од другата страна на стравот’. Верувајте, и јас се плашам, не ми е сеедно“, призна Санчез во интервју за магазинот „Ел“.

Санчез е една од вкупно шесте жени кои ќе летаат во вселената на 14 април. Покрај неа, во мисијата учествуваат и новинарката Гејл Кинг, пејачката Кети Пери, научничката Ајша Боу, биоастронаутката Аманда Нгуен и филмската продуцентка Керијан Флин.

Претходно во видеото објавено на социјалните мрежи, Санчез рече дека се надева дека мисијата ќе ги инспирира луѓето да имаат „големи соништа“.

„Ако некој ми кажеше дека еден ден ќе можам да одам во вселената, ќе се насмеев“, рече таа.

Мисијата ја води компанијата на Бесоз, Blue Origin, а ова ќе биде прв пат женски екипаж да лета во вселената. Според информациите, патувањето треба да трае 11 минути. Откако ќе стигнат до нивната дестинација, членовите на екипажот ќе можат да лебдат неколку минути пред да се вратат на Земјата. Ова ќе биде 11-ти човечки лет до работ на вселената на програмата New Shepard.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни