Лондонските тунели стануваат нова туристичка атракција

Тунелите биле шпионски штаб во 1944 година, кога авторот на Џејмс Бонд, Иан Флеминг, работел таму за поморската разузнавачка служба. Се верува дека оваа локација ја инспирирала K Branch, каде Бонд оди по својата специјализирана опрема

Тунелите изградени како скривници за граѓаните на Лондон за време на германските бомбардирања во Втората светска војна, треба да станат најголема нова туристичка атракција во британската престолнина, соопшти компанијата која ја купи големата мрежа тунели.

Тунелите, кои се долги 1,6 километри и доволно високи на некои места да помине автобус на спрат, се наоѓаат под Холборн, во центарот на Лондон. Работата на нивната изградба започнала рачно во крајот на 1940 година, кога германските авиони скоро секој ден и ноќ бомбардирале градот.

За време на бомбардирањата, жителите заради безбедност оделе на станиците на метрото. До 1942 година, кога биле завршени специјално изградените тунели, воздушните напади престанале, така што тие никогаш не биле користени како склониште.

„Това е навистина емотивно“, рекол е Ангус Мереј

Мереј, поранешен инвестиционен банкар, се надева дека тунелите ќе бидат претворени во споменик на тој период, и дека делумно ќе бидат музеј, делумно изложбен простор, а делумно простор за забава.

Тунелите биле шпионски штаб во 1944 година, кога авторот на Џејмс Бонд, Иан Флеминг, работел таму за поморската разузнавачка служба. Се верува дека оваа локација ја инспирирала K Branch, каде Бонд оди по својата специјализирана опрема.

Тридесет метри под земја, подземната цитадела е лавиринт од стари генератори, цевки и зарѓани навои. Плетенки на жици висат од ѕидовите кои се покриени со бројчаници, прекинувачи и полуги.

Таму се и остатоци од бар за персоналот и кантината за 200 луѓе кои работеле во тунелите во 1950-те и 1960-те години, кога тука била телефонска централа. Од 1970-те, мрежата на тунели е повеќе празна.

Мереј проценува дека планот за создавање туристичка атракција, кој беше одобрен од властите минатата година, ќе чини околу 120 милиони фунти (143 милиони евра). Неговата компанија се надева дека до 3 милиони луѓе годишно ќе платат повеќе од 30 фунти (36 евра) за да ја посетат оваа локација.

Тунелите треба да бидат подготвени за јавноста до крајот на 2027. или почетокот на 2028. година, рече Мереј, додавајќи дека со нив ќе управува компанија која е позната за туристички атракции.

„Во Лондон, ако нешто функционира, тоа е туризмот“, додал тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни