Лондонскиот музеј избра гулаб кој кака како нов симбол

Откако Музејот на Лондон се пресели од Лондонскиот ѕид на старата локација на плоштадот Смитфилд, се врати на старото име, Лондонски музеј и избра сосема ново лого – гулаб кој кака.

Новиот дизајн го карактеризира бел порцелански гулаб, а позади него има златен измет. Овој избор, директорката на музејот, Шерон Амент ја толкува како метафора за Лондон: „Гулабот и изметот говорат за историско место полно со дуалитети, места каде што бедата и сјајот постојат едно покрај друго со милениуми“.

Во објава на блогот, Музејот објаснува дека гулабот е избран затоа што илјада години останал непристрасен и скромен набљудувач на животот во Лондон, набљудувајќи го градот кој се менува и на крајот и самиот станал обележје на Лондон.

Нема сомневање дека ова е храбар избор кој предизвика и недоразбирања. Многумина го нарекуваат изборот како груб и срамотен, па дури и како фрлање пари. Некои од овие реакции јасно сметаат дека гулабот не само што не е важен и е незначаен, туку и одбивен.

Изметот од гулабите е очигледен проблем, со оглед на тоа што еден гулаб испушта 11 килограми измет годишно. Јато од 80 гулаби создава скоро тон измет во една година. Зградите и јавните склуптури го губат достоинството бидејќи се потопени во измет од гулаби. Но, што е уште поважно, болестите поврзани со измет од гулаби ги вклучуваат габичните инфекции на белите дробови криптококоза и хистоплазмоза и заразната болест пситакоза, позната како орнитоза.

Поради тоа не е ни чудо што гулабите низ светот се сметаат за непосакувани штетници или „стаорци со крилја“, како што во 1960тите биле нарекувани во Њујорк.

Во градовите ширум светот,  се креираат заштити од гулаби со железни жилци, мрежи и други средства со кои се креира „непријателска“ архитектура за нив.

Како и да е, војната против гулабите изгледа како вистинска човечка надменост. Гулабите продолжуваат да наоѓаат места за одмор, дури и на сјајните нови згради. Нивните ривали, галебите, се спуштаат за да ги грицкаат нивните трупови заробени во мрежата против птици. Врани и страчки научиле да прават гнезда од жица против птици. Природата наоѓа начин, дури и во градовите дизајнирани да ја одвратат.

Има причина да се цени генијалноста на не само умните врани и лукавите галеби, туку и издржливоста и опортунизмот на урбаниот гулаб. Како што истакнува лондонскиот музеј, гулабот е потомок на припитомени гулаби увезени по Норманското освојување. Бегајќи од гулабарникот, овие птици ги следеле своите инстинкти, но ги замениле морските карпи за градски настрешници.

Тие се навистина пример за „урбаната дивина“ која љубителите на природата и урбаните екологисти ја прославуваа. Како што истакнува директорката Амент, „Ние го споделуваме нашиот град со други милиони животни. Гулабите се насекаде низ Лондон, а и ние“.

Имплицитно во борбата против гулабите е фактот дека гулабите, како и многу луѓе, премногу лесно се етикетирани како несоодветни. Урбаните гулаби се, за социологот Колин Геролмак: „експлицитни натрапници во просторите за кои решивме дека треба да бидат само за луѓе“. Ова ги прави ранливи, но на ист начин како што некои категории луѓе стануваат ранливи.

Признаено е дека антипатијата кон урбаните животни алармантно брзо се претвора во малтретирање на човечки суштества. Гулабите се „друга група имигранти што не ни се допаѓаат“, вели блогерот Тим ​​Хамлет.

Извор: РТС

Најново

Последни колумни