Search

Лола В. Стејн – Скопскиот бенд што беше тотална спротивност на војните во Југославија на почетокот на деведесетите

Лола В. Стејн беа се, само не вообичаена музичка појава кога беа основани во 1987 година во Скопје. Инспирација за името дојде од романот на Маргерит Дирас, а нивната музика може да се опише како авангарден, електро-акустичен амбиент, со македонски етно корени.

Објавија два албума – „Икона“ во 1990 година и „Мансарда“ во 1992 година и двата за хрватската издавачка куќа „Blind Dog Records“. Групата престана да постои по вториот албум.

Етничниот идентитет на четвроица од петмината членови на бендот, најдобро може да се опише со изразот југословенство.

Основач на групата беше Златко Ориѓански, роден во Скопје во 1963 година. Кон средината на 80тите години од минатиот век, тој ја формираше групата „Господинот Отиден“, ансмбл кој со текот на годините еволуираше во Лола В. Стејн. Петтиот член е тој што на оваа група му даде посебен идентитет. Тоа е Пеце Атанасовски, традиционален македонски гајдаџија.

Лола В. Стејн претставува спој на традиционални и модерни инструменти, вклучувајќи се што им е потребно во изразувањето на сопствениот музички идентитет. Се работи за едноставен концепт. Комбинацијата на гајда и обоа е магична, а многуте перкусии и електронските звуци, како да го наговестуваат пост-рок движењето кое ќе се појави неколку години подоцна.

Во случајот со овој бенд соработката помеѓу Србите, Хрватите, Бошњаците и Македонците има посебна тежина, особено и поради времето во кое настануваат овие музички дела, вредни артефакти од време кога распадот на Југославија беше одбележан од низа војни.

Песните на Лола В. Стејн се историско ремек-дело, невообичаено за овој дел од Европа. Нивната музика е сјајен документ за предвоена и воена Југославија, што е во тотална спротивност со мрачните случувања.

Извор: Рокомотива

Најново

Последни колумни