LOL повеќе не е смешно: Gen Z прогласи крај на најпознатата интернет кратенка

Истражувањата покажуваат дека младите сè почесто чувствуваат „ick“ кога некој ќе им напише „LOL“. Но ако не смееме да се смееме, што тогаш е прифатливо во дигиталната ера на Gen Z?

Некогаш беше доволно да напишеш едно „LOL“ за да покажеш дека нешто е смешно. Денес, тоа може да те направи – старомоден.

Нови истражувања покажуваат дека генерацијата Z го прогласила крајот на „LOL“, најпознатата интернет кратенка која со децении беше универзален симбол за смеа.

Според анкета на Sky Mobile, дури 26% од младите меѓу 18 и 28 години признале дека чувствуваат одбивност – или, со нивен речник, „ick“ – кога ќе добијат порака што завршува со LOL. За нив, тоа е дигитален фосил, реликт од времето кога MSN и Nokia 3310 владееја со светот.

„LOL повеќе не значи дека се смееш – значи дека си некаде помеѓу дедо на Твитер и учителка што открила TikTok,“ коментираат младите онлајн.

И навистина, корисниците на Gen Z повеќе не „се смеат на глас“ – тие „умираат“ од смеа. Затоа, наместо 😂, денес ќе добиете 💀 (череп) или дури ⚰️ (ковчег). Новата дигитална логика вели: ако нешто е навистина смешно, треба да изгледа како мала смрт.

Истражувањето открива и други „црвени линии“ во комуникацијата. Ако испратите 👍, 🙈, 😬 или 💩 – тоа веќе е дигитален автогол. Овие симболи, кои беа врв на интернет-културата во 2010-тите, денес се класифицирани како „cringe“ – збор што, патем, веќе и самиот е „cringe“.

Во новиот речник на Gen Z, се користат други изрази: „dry“ (здодевно), „ick“ (одбивно), или – воопшто ништо. Затоа што, како што велат, ако мораш да објасниш зошто нешто е смешно – веќе не е.

Ни скратенките не поминуваат добро. Истражување во Journal of Experimental Psychology покажа дека скратенките како „hru“ („how are you“) и „wyd“ („what are you doing“) често се перципираат како ладни и неискрени. Наместо да звучат модерно, тие сугерираат незаинтересираност.

Младите сакаат комуникација која изгледа природно, но не премногу формално – “digital casual with emotional depth”, како што би кажале на англиски.

Половина од испитаниците во истражувањето изјавиле дека намерно игнорираат пораки, а 61% признале дека се срамат од сопствените навики во допишувањето. Но најфрапантниот податок е друг: 58% од нив признале дека би раскинале со партнер поради „лош телефонски манири“.

Првпат „LOL“ влезе во Оксфордскиот речник во 1997 година. Oд тогаш, беше сè: симбол на интернет културата, белег на блискост, па дури и начин да се омекне грубата порака. Но времињата се менуваат. Денес, она што некогаш беше искрен израз на смеа, сега звучи – несигурно, па дури и „cringe“.

Gen Z не го убива хуморот – го ребрендира. Во ера каде што иронијата е новата искреност, LOL не значи ништо повеќе од дигитален ехо од минатото.

И така, во 2025 година, можеме само иронично да кажеме: „LOL е мртов. Долго да живее 💀.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни