Search

Локомотива организира – „Култренинг“ работилница за танц и кореографија

Центарот за нова иницијатива во уметноста и културата Локомотива организира Култренинг работилница за танц и кореографија „Практикувајќи (пре)ориентирање“ со Настија Џјубан, Ли Мун Ваи и Викторија Илиоска на 19 и 20 Јуни од 11.00 до 12.30 часот.

За работилницата: „Во оваа практика на преориентирање, ќе започнеме со прашањето „каква разлика прави кон што сме ориентирани?“ и ќе се движиме не само напред, туку и назад. Поттикнати од принципот на практикување љубопитност инспириран од Фелденкраис, заедно ќе се oриентираме кон сетилата, сензациите, деловите од телото, движењата и звуците кои обично се недоволно застапени и маргинализирани. Кои се работите што ги оставаме зад нас, зад грб? Движејќи се помеѓу овие прашања, ќе си играме со нотирање на сензации, практикување на исчекување и развивање телепатски поврзувања.“

Настја Џиубан работи со танц и кореографија. Таа е родена во Киев, Украина, а моментално живее во Гисен, Германија. Од 2015 година, Настја ја развива својата уметничка пракса и создава перформативни дела, најчесто во соработка со блиски пријатели и колеги. Ја интересираат вкрстувањата на диспозитивите на театарот и кореографијата, како и поимите како што се потенцијалноста, миграцијата, поимот заедничко. Нејзините дела се прикажани на фестивали во Киев, Франкфурт, Бохум и Манхајм. Во 2021 година, Настија стана член на danceWEB под менторство на Ана Јурен и Фредерик Гис.

Викторија Илиоска е македонска кореографка и изведувачка која живее и работи меѓу Северна Македонија и Германија. Повеќе од 10 години таа активно работи на програми за промовирање и развој на современиот танц, како во соработка со институциите, така и во зајакнување на независната сцена. Од 2010 година е член на Номад танцова академија, создавајќи врски и соработки во локалниот и националниот контекст на балканскиот регион. Викторија е магистер по кореографија и перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот Јустус Либиг. 

Ли Мун Ваи е кореограф и танчер кој работи хонорарно помеѓу неговите две резиденции – Берлин и Сингапур. Дипломирал на програмата Магистер по кореографија и изведба (MA Cup) на Институтот за применети театарски студии во Гисен, Германија во јули 2021 година. Неговата сегашна танцова и кореографска практика инсистира на релациона пропустливост помеѓу него и неговата околина.

Најново

Последни колумни