„Селото е целосно заштитено, а интензитетот на горењето во појасот на боровата шума е значително намален. Со отворањето на пристапниот пат, екипите на ‘Национални шуми’ можеа пешадиски да интервенираат, што значително придонесе кон ограничување на огнот“, изјави Али.
Во гаснењето бил ангажиран и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, две екипи од Територијалната противпожарна единица Куманово, како и екипи на „Национални шуми“. Помош дало и локалното население.
„Како директор на ЦУК лично ги координирав активностите на терен, осигурувајќи соработка меѓу институциите и брза реакција за заштита на животите и имотот на граѓаните. Голема благодарност до сите учесници за професионалниот ангажман и посветеност“, додаде Али.
Претходно, ЦУК објави дека до 18:00 часот во земјава биле регистрирани 19 пожари на отворен простор – четири сè уште активни, а 15 изгаснати.