Локалитетот „Стоби“ – пример за важни придобивки од евроинтеграциите

Археолошкиот локалитет Стоби се финансира од страна на Европската Унија со над 495 000 евра неповратни средства. Од тоа, 186 000 евра беа одделени за адаптација на објектот, што го прави поатрактивен за туристите.

Оваа иницијатива се реализира преку ИПА за прекуграничната програма Грција – Македонија, со донација од Европската комисија. Партнери во проектот се: „CISS Cooperazione, Regional Development Found of Central Macedonia – Region of Central Macedonia“ и „Ephorate of Antiqes of Kilkis“.

Оваа успешна имплементација на проектот е уште еден доказ дека евроинтеграцијата дава конкретни резултати и претставува значаен чекор напред за граѓаните на Македонија и заштита на културното наследство.

Локалитетот денес го посетија првиот заменик на претседателот на техничката Влада задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, каде се во тек активности за реализација на проектот „Конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот Стара железничка станица и нејзина адаптација во центар за посетители“.

Стоби е древен град кој со својот урбан дел се наоѓа на три тераси, што се спуштаат кон Црна Река, опкружени со ѕидови. Археолошкиот локалитет Стоби е со површина од 1.600 квадратни метри. Познато е дека тука минувале главните патишта, кои ги сврзувале областите на преден Дунав со медитеранските земји, уште од предисторискиот период.

Најново

Последни колумни