На 4 април во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи Локалниот културен фестивал, настан што ветува динамична атмосфера исполнета со музика, креативност и дружење на отворено.
Фестивалот нуди разновидна програма за сите генерации. Посетителите ќе можат да уживаат во хорска изведба на француска музика, која ќе донесе автентичен културен шмек, но и да учествуваат во креативни работилнициорганизирани од „Еснаф“, каде ќе има можност и за практично искуство, како ткаење.
Покрај тоа, ќе биде поставен и базар на ракотворби, каде посетителите ќе можат да пронајдат уникатни рачно изработени производи — од модни додатоци до декоративни предмети.
Настанот претставува спој на локална креативност, младешка енергија, француска музика и македонска уметност, создавајќи идеална атмосфера за едно опуштено викенд-попладне.
Локалниот културен фестивал е дел од проектот „Shared Horizons“ (компонента 2), имплементиран од ALDA – Европска асоцијација за локална демократија, со поддршка од Expertise France.