Лоциран мобилниот телефон на еден Хрват кој го однела лавина? Го бараат во провалија длабока 100 метри

Словенечките спасувачи го лоцираа мобилниот телефон на хрватски планинар однесен од лавина на планината Тоск. Се сомнева дека се наоѓа во провалија длабока до 100 метри, каде потрагата е отежната поради тешки снежни услови

Словенечките спасувачки служби успеале да ја лоцираат позицијата на мобилниот телефон на еден од хрватските планинари, кој во неделата бил однесен од лавина на планината Тоск, дознава неофицијално порталот 24sata.

Иако батеријата на телефонот била при крај, тоа било доволно за да се намали опсегот на пребарувањето. Сепак, според информации, до локацијата нема лесен пристап поради тежок терен и снежни услови.

Според првичните информации, словенечките планински спасувачи ќе мора да се спуштат од 80 до 100 метри во провалија, под патеката каде што ги затекнала лавината.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни