По две децениска традиција годинава се паузираат музиката, пивото и скарата во градот под Марковите Кули. Според најавите годинешново јубилејно издание на „ПИВО ФЕСТ“ Прилеп 2023 се одржува за следната година година.
„На состанокот одржан од Стопанската комора на Прилеп, Општина Прилеп и бизнис фелата донесена е одлука, „ПИВО ФЕСТ“ Прилеп 2023, дека нема да се подржи и одржи. Додека пак советот на Општина Прилеп на седницата од 22.06. 2023 донесе одлука за доделување на локација за реализација на „ПИВО ФЕСТ“ 2023 Прилеп“, стои на официјалната објава на социјалните мрежи.
Според организаторите нејасно е зошто се носи одлука за нова локација кога воопшто нема да се одржи една од најпрепознатливите манифестации од ваков карактер во Македонија. Меѓу другото организаторите прашуваат и зошто и покрај навремено поднесените барања од страна на Фестивалот до Општина Прилеп се уште немаат официјално известување.
Организаторите во свое име се извинуваме до прилепчани и пошироката јавност за ваквите случувања, со надеж дека фестивалот на пивото во Прилеп ќе се одржи следната година и тоа на нова локација, која се уште не е позната.
Инаку, фестивалот на пивото во Прилеп својата традиција ја пишува од 2002 година. Во овие дваесет години на оваа манифестација покрај пивото и скарата посетителите имаа можност да уживаат во забавните музички настапи на изведувачи како од Македонија така и од поширокиот Балкан. За големината на овој пивски фестивал во земјава говорат и бројките кои покажуваат дека на фестивалската забава учествувале над 350.000 посетители од Македонија и странство кои испиле околу 250 тони пиво и изеле околу 60 тони скара.