Лизгави улици и нервозни возачи во Скопје

Снег во Скопје и во западните делови од земјата, на планините до 25 сантиметри снежна покривка

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени локални врнежи од снег низ поголем дел од земјата, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови, каде што снежната покривка на планините и на некои повисоки места може да се зголеми и до 25 сантиметри. Во останатите региони врнежите ќе бидат со послаб до умерен интензитет.

Утринските температури ќе се движат од -7 до 1 степен, додека дневните максимални температури ќе бидат меѓу -2 и 5 степени Целзиусови.

Снег и студ и во главниот град

Во Скопје се очекуваат послаби врнежи од снег. Утринската температура ќе биде околу -4 степени, а дневната ќе достигне до околу 2 степени.

Апел за внимателно возење

Поради снежните врнежи, ниските температури и можната појава на мраз и голомразица, надлежните апелираат до возачите да бидат особено внимателни во сообраќајот. Посебна претпазливост се препорачува на планинските превои и на повисоките патни правци, каде условите можат брзо да се влошат.

Според прогнозите, од утре па сè до сабота се очекува стабилизирање на временските услови, со постепен пораст на температурите и без значајни врнежи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни