Ливит: Трамп разговарал со лидерите од Блискиот исток

„Претседателот Трамп разговарал со лидерите на Израел, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати“, напиша Ливит на социјалната мрежа X.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска остварил разговори со лидерите на Блискиот исток, соопшти портпаролката на Белата куќа, Керолaјн Ливит, само еден ден откако САД започнаа голема воена операција во Иран, пренесува CNN.

„Претседателот Трамп разговарал со лидерите на Израел, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати“, напиша Ливит на социјалната мрежа X.

Од петок Трамп се наоѓа во својата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, но подоцна денеска се очекува да се врати во Белата куќа, наведува CNN.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни