Living Music проект- дел од ОФФ програмата на Синедејс 2024

Овогодинешниот Living Music проект, кој е дел од ОФФ програмата на Синедејс 2024 ќе здружи 13 филмски режисери и композитори и ќе трае од 9 јули, па сѐ до 17 јули кога ќе се случи финалната презентација во киното Фросина. Проектот ќе го координира Дино Чупевски, а дел од него ќе бидат композиторите Ребека Вилпу од Естонија, Изабела Калмет од Перу, баритонот Робин Де Јагер од Белгија и нашите домашни композитори Глигор Кондовски, Анастазија Голчева, Никола Малинов, Дарко Јованов, Никола Ивановски, како и студентите Михаил Димовски и Никола Весев од Факултетот за музичка уметност при УКИМ. Сите тие ќе работат на четирите филмови кои оваа година влегоа во селекција и тоа под режисерските палки на Утку Чирак од Турција, Луис Соса од Мексико и нашите Леон Ристов и Бојан Василев. 

,,Изминативе години, откако започна проектот, по иницијатива и менторство на композиторката Дарија Андовска, се запознавме со бројни филмски режисери и композитори, кои со своите изрази придонесоа кон развојот на прекрасни композиции, испреплетени во бројни краткометражни филмови, препознаени од европската публика. Сето во координација со нашите колеги Ангел Спироски и Јане Спасиќ, на кои сосема им се заблагодаруваме за нивниот несебичен придонес изминатите изданија. Оваа иницијатива претставува возбудливо истражување и реализирање на современи уметнички дијалози и заеднички потфати во сферата на европскиот филм, што ја истакнува нашата посветеност да ги поместиме границите и да продолжиме да го градиме Синедејс како еден од клучните филмски фестивали во земјава, велат од Синедејс.

Најново

Последни колумни