Ливерпул и официјално се засили со Керкез

Минатата сезона, Керкез ги одигра сите 38 натпревари во Премиер лигата, постигна 2 гола и имаше 5 асистенции

Унгарскиот фудбалски репрезентативец, Милош Керкез кој играше за Борнмут во Премиер лигата и официјално стана играч на Ливерпул.

Двата клуба се договориле и официјално за трансферот вреден 47 милиони евра, а завршени се и сите медицински прегледи.

Младиот Унгарец е познат по својата физичка издржливост и способност да создава офанзивни ситуации од бековската позиција.

Минатата сезона, Керкез ги одигра сите 38 натпревари во Премиер лигата, постигна 2 гола и имаше 5 асистенции.

„Имам голема чест да настапувам за еден од најголемите клубови со светот и во Англија. Навистина сум среќен и возбуден. Едвај чекам да почнам да тренирам и да се подготвувам за сезоната“, рече тој на официјалната промоција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни