Изненадувањето во шестото коло од Премиерлигата денеска го направи екипата на Кристал Палас која на домашен терен ја совлада екипата на Ливерпул со 2:1.
За актуелниот шампион Ливерпул ова беше првиот пораз во сезоната откако претходно забележа пет победи на исто толку натпревари.
Исмаила Сар ги доведе домашните во водство од 1:0 во деветтата минута од мечот, во 87. минута Киеза израмни на 1:1, и кога се мислеше дека Ливерпул извлече барем бод од овој меч, Еди Нкетиа погоди во седмата минута од продолжението, со што го постави конечниот резултат од 2:1.
Попладнево лошо помина и екипата на Челси, која загуби на домашен терен од Брајтон.
Аргентинскиот играч од средниот ред Енцо Фернандез му донесе водство на Челзи во 24-тата минута, но гостите го свртија резултатот. Дени Велбек постигна два гола. Прво израмни во 77-мата минута, а потоа ја потврди победата на Брајтон со гол за 1:3 во 100-тата минута. Максим де Кујпер постигна гол за 1:2 во 92-тата минута.