Литванската министерка за одбрана поради спор за буџетот, си поднесе оставка

Сакалиене на фб го истакна своето несогласување со премиерката Инга Ругиниене, која, исто така, е од Социјалдемократска партија (ЛСДП). 

Литванската министерка за одбрана Довиле Сакалиене денеска изјави дека поднела оставка поради спор во владата околу износот на воените трошоци во следниот буџет на оваа балтичка земја-членка на НАТО.

Во објава на Фејсбук, Сакалиене го истакна своето несогласување со премиерката Инга Ругиниене, која, исто така, е од Социјалдемократска партија (ЛСДП). 

Двете имаме „фундаментално различни ставови за тоа како да се зајакне одбраната“, напиша министерката во својата оставка.

Од своја страна, премиерката ја опиша оставката како неизбежна, нагласувајќи дека не може да дозволи „да се појават недоразбирања и проблеми во област толку важна, како што е одбраната“.

Односите меѓу двете функционерки не беа најдобри ни претходно, но состанокот на Министерството за одбрана минатата недела со аналитичарите за трошоците за 2026 година се чини дека го забрза раздорот.

По состанокот, некои аналитичари изјавија дека владата нема да може да го одржи своето ветување за трошење на пет проценти од бруто-домашниот производ (БДП) за одбрана, што беше првичната цел. Премиерката верува дека земјата може да издвои толку многу средства.

На последниот самит во јуни во Хаг, НАТО постави нова цел за своите 32 земји-членки да достигнат удел од пет проценти од БДП наменет за одбрана до 2035 година.

Во текот на 2024 година, повеќе од една четвртина од земјите на НАТО останаа под целта од два проценти од БДП за одбрана, што беше претходната цел на Атлантската алијанса.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни