Литванија ќе ја затвори границата со Белорусија на неодредено време

Ругиниене додаде дека властите во координација со ЕУ ќе иницираат пакет дополнителни санкции против Белорусија

Литванските власти објавија план за затворање на границата со соседна Белорусија, како и активности за соборување на метеоролшките балони што од Белорусија влегуваат на литванска територија.

Литванската премиерка Инга Ругиниене свика состанок на Комисијата за национална безбедност каде што беше презентиран „јасен алгоритам“ за идните дејствија на владата откако аеродромот во Вилнус ги прекина своите операции четири пати во една недела поради видувања на балони.

Таа потврди дека владата веќе подготвила одлука за затворање на границата со Белорусија на неодредено време со одредени исклучоци.

Ругиниене додаде дека властите во координација со ЕУ ќе иницираат пакет дополнителни санкции против Белорусија.

„Ова ќе биде направено наскоро. Исто така, активно се консултираме и комуницираме со нашите сојузници и нашите соседи Полска и Латвија. Сите наши активности се координирани и со нив, ние не сме посебна држава, ние сме дел од НАТО и ЕУ. Ние координираме сè што правиме со нив“, додаде Ругиниене.

Ваквите мерки доаѓаат откако балони од Белорусија го нарушија нејзиниот воздушен простор неколку ноќи по ред, што предизвика затворање на аеродромот во Вилнус.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни