Литературно дружење со францускиот писател Матијас Енар

Вчеравечер во Europe House Skopje, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје, гостин на домашната книжевна сцена беше еден од најзначајните француски писатели и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар.

Романот „Бусола“, за којшто тој ја доби оваа најпрестижна француска книжевна награда во 2015 година, е преведен на македонски јазик од страна на издавачката куќа „Антолог“.

Шест години по првата посетата на Скопје и предавање на Филолошкиот факултет при УКИМ, Енар на задоволство на македоснката публика деновиве е повторно во Скопје.

Писателот со француски корени, роден и израснат во Франција, кој школувал на Средниот Исток, каде и живеел долги години, за да потоа се пресели цела една декада во Барцелона Шпанија, а оттаму и во Берлин, е чест посетител на земјите од Блаканот. Фасциниран од културата, историјата и книжевноста на овие пристори, Енар ги сместува и некои од своите главни ликови токму во овие земји.

Средбата со Енар синоќа се одржа во Europe House Skopje, каде тој речиси час и половина одговараше на прашањата на посетителите за неговата фасцинација од Средниот Исток, за ликовите од неговите книги, за начинот на кој пишува и за неговата работа на европските универзитети.

За романот „Бусола“ за кој ја доби најпрестижна Гонкуровата книжевна награда во 2015 година, критиката ќе каже дека се работи за „извонреден, моќен, музички роман, полн со горчливо-сладок хумор. Потрага по другоста, мостот помеѓу Истокот и Западот, вчера и утре. Возбудлива и убедлива ерудиција, со зачудувачки референции на композитори од деветнаесеттиот век и езотерични ориенталисти.“

Матијас Енар e роден 1972 во Франција. Студирал персиски и арапски јазици и поминал долги периоди на Блискиот Исток. Живее во Барселона околу петнаесет години, и извесен период во Берлин. Освоил неколку награди за Zone, вклучувајќи ги и Prix du Livre Inter и Prix Decembre, а ги освои и Prix Goncourt/Le Choix de l’Orient, Prix littéraire de la Porte Dorée [fr] и Prix du Roman-News за Rue des Voleurs (Улица на крадците).

Наградата Гонкур ја добил во 2015 година за Boussole (Компас).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни