Ако барате дестинации за патување каде што ќе се чувствувате безбедно, како инспирација може да послужи една од земјите со најмалку криминал.
Новото истражување што го спроведе осигурителната куќа „Тавеј травел протекшн“ (BHTP) покажува дека патниците најбезбедно се чувствувале во Европа. Оваа осигурителна куќа секоја година анкетиpа голем број патници за местата што ги посетиле и проверува колку се чувствувале безбедно, а посебно се фокусира на поподложни групи: жени, припадници на ЛГБТИ+ заедницата или други маргинализирани групи. Податоците потоа се надополнуваат со резултати од „Глобалниот индекс на мир“ и слични показатели за безбедност.
Минатата година Исланд се најде на првото место на листата со најбезбедни земји во светот, но оваа година падна на четвртото место, додека Холандија ја презеде водечката позиција.
Тоа е голем исчекор за Холандија, која минатата година беше на 14. место. Патниците открија дека во Холандија се чувствуваат многу добредојдено и ја пофалија здравствената заштита. На второто место е Австралија, која има стабилен политички систем, ниска стапка на криминал и строги закони за оружје. Оваа година во истражувањето првпат се најде и Австрија, која се позиционира на 3. место.
15. најбезбедни земји за патување во 2026 година
1. Холандија
2. Австралија
3. Австрија
4. Исланд
5. Канада
6. Нов Зеланд
7. Обединети Арапски Емирати
8. Швајцарија
9. Јапонија
10. Ирска
11. Белгија
12. Португалија
13. Франција
14. Обединето Кралство
15. Данска
