Минатата година Lindt ги зголеми цените за 6,3 проценти, но тоа не беше доволно за да се надоместат растечките трошоци за суровини, нагласи Хуг.
„Чоколадата во иднина ќе биде поскапа отколку што беше пред две или три години. Не само чоколадата на Lindt, туку чоколадата воопшто“, изјави тој.
Компанијата денес ги објави своите финансиски резултати за 2024 година, при што забележала силен органски раст на приходите од 7,8 проценти, достигнувајќи 5,47 милијарди швајцарски франци.
Оперативниот профит (EBIT) пораснал за 8,7 проценти, достигнувајќи 884,2 милиони франци, со EBIT маржа од 16,2 проценти, се наведува во извештајот.