Во Сомбор почна вториот „Лименка Театар Фест 2023“, а создаден со идеја за комбинирање на театарот за деца и екологијата, подигање на свеста кај најмладите за важноста од зачувување на животната средина, под слоганот „Децата имаат право да растат здраво“.
Градот Сомбор ја препозна важноста на ваквата содржина како метод за едукација на најмладите за заштита на животната средина и рециклирањето, и стана пријател на Фестивалот.
Организатори на Фестивалот кој ќе трае до 3-ти септември се „Лименка Театар Фест 2023“ и Народниот театар Сомбор.
Билетите за фестивалските претстави не се купуваат со пари! За да ја гледа претставата, гледачот треба да собере и донесе пет лименки, за кои потоа добива една алу-монета, првата еколошка валута во светот, изработена од алуминиум, со која може да купи билет.
Ако собере повеќе од пет лименки во текот на денот, може да добие повеќе алу-монети, со кои може да купи училишен прибор во „Чаршијата на лименките“. Таму за алу-монети може да се купат еколошки моливи, блок за цртање од рециклирана хартија, интересни книги испечатени на еко-хартија и многу други работи.
На репертоарот се седум претстави од шест земји (Босна и Херцеговина, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Србија и далечното Перу).
Извор: energetskiportal.rs