Лидл влегува во угостителство: првиот паб на синџирот се отвора ова лето

Lidl започнува нов концепт со отворање на прв паб во Северна Ирска, комбинирајќи продавница и угостителски објект.

Германскиот малопродажен гигант тестира нов концепт во Северна Ирска, комбинирајќи продавница и угостителски објект

Германскиот трговски синџир Lidl започна со реализација на нов концепт што излегува надвор од неговата стандардна понуда. Компанијата гради паб во Дандоналд, предградие на Белфаст во Северна Ирска, во близина на една од своите постојни продавници.

Планираниот објект ќе има капацитет од околу 60 седечки места и површина од приближно 60 квадратни метри. Во рамки на истиот проект е предвидено и отворање продавница за алкохолни пијалаци, каде ќе биде достапен поширок асортиман на вина, пива, сидери и жестоки пијалаци од брендот.

Регионалниот директор на Lidl за Северна Ирска, Гордон Круикшанкc, изјави дека компанијата е присутна во Дандоналд повеќе од две децении, но досега купувачите немале пристап до целосната понуда, особено кога станува збор за алкохол.

Проектот доби зелено светло по судска постапка во која беше одбиена жалбата на конкурент. Во одлуката, судот оцени дека концептот е новина на пазарот, но дека не постојат законски пречки за негово воведување.

Иако законите во Северна Ирска строго ги регулираат дозволите за продажба на алкохол, тие можат да се пренесуваат помеѓу објекти со слична намена, што овозможи реализација на овој проект.

Со овој потег, Lidl тестира нов бизнис модел кој комбинира малопродажба и угостителство. Останува да се види дали ваквиот пристап ќе стане нов тренд во индустријата или ќе остане изолиран експеримент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни