Лидерите на европските сили со апел до Советот за безбедност на ОН, Планот на Трамп за Газа да биде поддржан.
Лидерите на Велика Британија, Германија и Франција денес го повикаа Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) да даде „целосна поддршка“ на мировниот план за Газа, објавува агенцијата Франс Прес (АФП).
„Се согласуваме дека СБОН треба целосно да го поддржи планот и да ја поддржи неговата имплементација“, се вели во заедничката изјава.
Лидерите на трите земји додадоа дека се „подготвени да придонесат“ за понатамошни дискусии за следните чекори од планот за Газа и ги признаа напорите на американскиот претседател Доналд Трамп и „дипломатските напори на медијаторите“, Египет, Катар и Турција, за постигнување на договорот.
Официјалните лица Берлин, Лондон и Париз, исто така, ветија дека ќе поддржат „значаен пакет хуманитарна помош преку агенциите на Обединетите нации“, пишува АФП.
Денес стапи во сила договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа
Планот на Трамп од 20 точки за Газа вклучува прекин на огнот, ослободување на заложниците, постепено повлекување на Израелците од Газа, разоружување на Хамас и воспоставување преодна влада составена од технократи надгледувана од комитет предводен од Доналд Трамп.
Илјадници раселени лица потоа се упатија кон север кон двегодишната воено разорена Палестинска територија, додека други се вратија во урнатините на своите домови во Кан Јунис, на југ.