Тајмс тврди дека новиот лидер на Иран е во кома

Според британскиот весник, Моџтаба Хамнеи е без свест и на лекување во Ком, но Техеран не ја потврдува оваа информација.

Британскиот весник „Тајмс“ објави дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во кома и прима терапија во градот Ком. Информацијата, според извештајот, се темели на разузнавачки меморандум базиран на американски и израелски извори. 

Веста доаѓа во период кога Хамнеи не се појавува во јавноста, а веќе подолго време кружат спротивставени информации за неговата здравствена состојба и способноста да ја води државата. 

Сепак, овие тврдења засега не се официјално потврдени од иранските власти. Напротив, според претходни информации пренесени од „Волстрит журнал“, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи изјавил дека новиот лидер е во добра здравствена состојба, а неговото отсуство од јавноста го објаснил со безбедносни и воени услови. 

Дополнително, и претходни извештаи на Ројтерс наведуваат дека Хамнеи бил само полесно повреден во нападите и останал активен, иако не се појавувал јавно. 

Поради ваквите спротивставени информации, најновото тврдење отвора сериозни прашања дали станува збор за нагло влошување на здравјето, дезинформации во услови на војна или дел од поширока и нетранспарентна борба за моќ во врвот на иранската држава. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни