Либан прогласи ден на жалост по масовните жртви од израелските напади

Либан прогласи национален ден на жалост по серија израелски напади во кои загинаа стотици луѓе, додека владата бара меѓународна реакција.
Foto: AP Photo/Ali Salem

Владата на Либан прогласи национален ден на жалост по серијата тешки воздушни напади извршени од страна на Израел, во кои според различни извори загинале околу 200 до над 250 лица, а повеќе од илјада се повредени. Либанскиот премиер Наваф Салам изјави дека четврток ќе биде ден на национална жалост за „маченците и ранетите“, истакнувајќи дека нападите погодиле стотици цивили кои немале никаква заштита.

Најголем број жртви е регистриран во Бејрут каде загинале десетици луѓе, додека здравствените служби низ земјата известуваат дека конечниот број на жртви сè уште не е утврден. Според цивилната заштита, вкупниот број на загинати достигнал над 254 лица, додека повеќе од 1100 се ранети низ целата територија на Либан, што го прави овој бран напади еден од најсмртоносните од почетокот на ескалацијата.

Од владата на Либан најавија и мобилизација на сите политички и дипломатски ресурси со цел да се запре, како што го нарекоа, „војниот притисок и насилство“, додека се зголемуваат повиците за меѓународна интервенција и прекин на огнот. Ситуацијата останува крајно тензична, а хуманитарните организации предупредуваат на дополнително влошување доколку не дојде до итна деескалација во регионот

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни