Институт за европска политика:

Само 21% од ЛГБТИ+ лицата се чувствуваат слободно да го изразат идентитетот во земјава

Само некои од клучните податоци кои се издвојуваат покажуваат дека дури 71 процент од граѓаните се плашат да побараат поддршка при малтретирање. 17 проценти доживеале физички или сексуален напад, а само 14 проценти сметаат дека властите ефективно се справуваат со дискриминацијата.

Најновиот график на Институтот за европска политика ги претставува клучните информации за унапредување и препораки во поглед на правата на ЛГБТИ+лицата во земјава. Дискриминацијата и недостатокот на правна и институционална заштита претставуваат сериозни пречки кои можат да се забележат во инфографикот.

Само некои од клучните податоци кои се издвојуваат покажуваат дека дури 71 процент од граѓаните се плашат да побараат поддршка при малтретирање. 17 проценти доживеале физички или сексуален напад, а само 14 проценти сметаат дека властите ефективно се справуваат со дискриминацијата.

Анализа на интерсекциската дискриминација во земјава покажува дека Ромските ЛГБТИ+ лица се соочуваат со двојна дискриминација. 68 проценти од учениците се соочиле со потсмев и навреди, а 18 проценти размислувале за самоубиство.

Инфографикот дополнително укажува на недоволното спроведување на законската рамка за заштита од дискриминација и на фактот дека во Кривичниот законик нема јасна заштита на родовиот идентитет и говорот на омраза. Недостасува правна рамка и за исто-половите партнерства, што ги ограничува правата во однос на семејство, наследство и здравство.

Препораките на ИЕП се во насока на потребите за воведување правно признавање на исто-половите бракови, измените на Кривичниот законик со експлицитно вклучување на родовата ориентација и идентитет, враќање на заштитата на родовиот идентитет и стандардизирање на правни постапки за признавање на родот врз основа на самоопределување.

Истовремено, се апелира да се зајакнат парламентарните механизми за следење на имплементацијата на антидискриминациските закони, како и да се промивира видливоста на ЛГБТИ+ лицата во институциите и медиумите. Истражувањето направено од институтот се однесува на периодот од 2023 до 2025 година.

Извор: Институт за европска политика

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни