Пејачката премиерно ја изведе Абракадабра на доделувањето на Греми наградите. Споменатиот сингл е дел од нејзиниот претстоен албум Mayhem, кој ќе излезе на 7-ми март.
Фановите позитивно ја примија новата песна истакнувајќи дека ги потсеќа на некои од најголемите хитови на пејачката.
Видеото го режираше Лејди Гага во соработка со Парис Гебел и Бетани Варгас, додека Гага и Гебел заедно со тим од 40 танчери беа одговорни за кореографијата.
Албумот Mayhem ќе биде враќање на Гага во поп музиката, откако минатата година го издаде албумот Harlequin, кој беше придружно издание на филмот „Joker: Folie à Deux“.
Во текот на изминатата година, Гага објави два сингла од нејзиниот претстоен албум, вклучувајќи го и Disease. Пејачката претходно изјави дека почнала да работи на новиот албум додека се соочила со стравот да се врати на поп музиката што ја сакале нејзините најрани фанови.