Лежат на милиони но, ги учат децата да бидат скромни: Живеат во двособен стан

Начинот на кој оваа позната двојка ги воспитува своите деца е необичен за сите.

Актерската двојка Ева Мендез и Рајан Гослинг се сметаат за еден од најубавите холивудски парови, а нивниот брак е еден од најстабилните. Лудо заљубениот пар се венча во тајност, а по судбоносното „да“ Ева се посвети на семејниот живот и престана да прифаќа филмски улоги.

Ева Мендез го роди своето прво дете, ќерката Есмералда, на 42-годишна возраст, а две години подоцна ја доби ќерката Аманда со Рајан.

„Секогаш имав јасна граница кога станува збор за мојот сопруг и моите деца. Ќе зборувам за нив, секако, но нема да објавувам фотографии од тоа што ни се случува секој ден. За мене, црвениот тепих е работа, а не место за покажување љубов“, рече Ева.

Славниот пар може да си дозволи луксузен живот, особено поради астрономските хонорари што Рајан Гослинг ги добива во последните 10 години, но тие сакаа да ги воспитаат своите ќерки да бидат скромни и да ги научат дека успехот и задоволството од животот доаѓаат преку напорна работа и труд, наместо сè да биде сервирано и веќе решено.

Поучени од трагични примери од животите и судбините на децата на холивудските ѕвезди, кои често завршуваат во пеколот на зависност, депресија и потрага по својата смисла, Ева, Рајан и нивните ќерки живеат во стан со две спални соби, делат домашна работа и никогаш не ангажирале дадилка. А причината зошто се одлучиле за овој начин на живот е специфична.

Ева Мендез сака да готви и вели дека особено сака да средува и чисти станот. Нејзината страст за чистење се претвори во бизнис проект. Ева, всушност, стана ко-сопственичка на компанија која произведува антибактериски сунѓери за чистење.

Таа вели дека миењето и чистењето имаат терапевтски ефект врз неа.
„Животот е толку хаотичен. Но, можам да ја држам куќата и кујната под контрола. Па, кога мијам садови, тоа е медитативно за мене, ми дава јасност. Чист мијалник за мене е бистар ум“, објасни актерката.

Тие ги воспитуваат децата да бидат независни и чесни

„Сакам моите деца, кога ќе бидат во неволја, денес и за 10, 20 години, да велат: „О, морам да ѝ се јавам на мама!“, а не „Ооо, не можам да ѝ го кажам ова на мама!“, рече Ева Мендез.

„Се обидуваме да се поврземе со нив, особено во најтешките моменти, кога сме лути на нив“, призна таа за болката и слабоста на многу родители.

„Кога бевме во Лондон, одевме на мјузикли, во театар, музеи, патувања… Но сега чувствувам дека е време да им ја вратам досадата, особено на децата, но и на себеси. Обожавам кога ни е здодевно, тогаш добиваме идеи. Понекогаш е забавно, понекогаш опасно, понекогаш поучно, но сакам и тоа време кога е здодевно“, заклучила актерката и партнерката на Рајан Гослинг.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни