Европската комисија даде зелено светло за воведување на еврото во Бугарија, објавува Дојче Веле.
Бухарија ги исполни неопходните критериуми за воведување на заедничката валута следната година, објави Комисијата во средата. Економијата на Бугарија е доволно подготвена за тоа, соопшти и Европската централна банка (ЕЦБ).
ЕК препорачува Советот на ЕУ да го одобри влезот на Бугарија во еврозоната од почетокот на 2026 година. Комисијата потсетува дека сите држави членки на ЕУ стануваат дел од еврозоната штом ги исполнат критериумите, освен Данска, која пред пристапувањето побарала изземање од обврската за воведување на еврото.
– Еврото е симбол на европската сила и единство, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „Благодарение на еврото, бугарската економија ќе зајакне, ќе се зголеми трговијата со земјите од еврозоната, ќе пораснат странските инвестиции, пристапот до финансирање, квалитетните работни места и реалните приходи. Бугарија ќе го добие заслуженото место во донесувањето одлуки во срцето на еврозоната, порача таа.
Инаку, изминатиот период дел од граѓаните на Бугарија организираа протести противејќи се на воведување на еврото како официјална валута.