Летувањето сè поскапо: Овие „невидливи“ трошоци најмногу ги празнат џебовите

Патувањата стануваат сè поскапи, а годинава помалку луѓе планираат летување – само 46% од испитаниците, во споредба со 53% лани, покажува истражувањето на Bankrate. Главната причина е недостаток на пари, што го наведуваат дури 65% од оние кои нема да патуваат, пишува CNBC Make it.

Освен превозот и сместувањето, туристите често ги забораваат дополнителните такси кои се наплаќаат на лице место и кои не секогаш се јасно прикажани при резервацијата.

„Овие такси ја поддржуваат локалната туристичка понуда и заштитата на животната средина, но е важно да бидете информирани за нив однапред“, вели Мелиса Улрих, советничка за патувања.

Стручњаците советуваат секогаш да ги вклучите и овие дополнителни трошоци во вашиот буџет.

Најчести скриени трошоци:

  • Услужна такса во ресторани – Во многу земји ова веќе е вклучено во сметката, па бакшишот не е задолжителен.
  • Resort fee – Дополнителна такса за користење на хотелските содржини, особено во популарни места како Хаваи, која се плаќа при пристигнување и често не е вклучена во цената при резервација.
  • Такси за странски трансакции – Банките и картичките наплаќаат провизии при плаќање во странска валута. Најдобро е да плаќате во локална валута.
  • Паркинг – Хотелите може да наплаќаат и до 50 долари по ноќ за паркинг, особено во популарни туристички дестинации.

Патничко осигурување – паметна инвестиција

Иако не е задолжително, патничкото осигурување може да ви биде спас при откажување на патување или други непредвидени проблеми.

„Подобро е да го имате и да не го користите, отколку обратно“, вели советничката Челси Гамбино.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни