Летонија, покрај постоечките 1.562, планира да гради нови атомски засолништа

 Во Летонија постојат 1.562 атомски засолништа, а се размислува и за изградба на нови, покажа истражувањето на Државната противпожарна-спасувачка служба (ВУГД).

Атомските засолниште можат да примат 533.000 луѓе од вкупниот број на население што изнесува околу 1,8 милиони жители.

Во Летонија има вкупно 28.000 засолништа, од кои 23.000 се објекти кои имаат подземен или подрумски дел, но тие се во приватна сопственост. Додека ВУГД извршила контрола само на зградите во сопственост на државата и на општините.

Градоначалникот на Рига, Вилнис Чирсис наведе дека луѓето треба да преземат одговорност за својата безбедност.

Никој од општината нема да влегува во подрумите на приватните куќи или станбените блокови, нема да изнесува стари гуми или мебел, посочи Чирсис.

Додека заменик-градоначалничката на Рига, Линда Озола изјави дека за оваа година во градскиот буџет предвидени се 1,5 милиони евра за реновирање и подобрување на засолништата. Се претпоставува дека сумата ќе биде доволна за реновирање на 30 засолништа, од вкупно 400 кои постојат во главниот град на Летонија.

Летонија планира и да воведе посебна апликација на ВУГД – „112 Летонија“ која ќе покажува каде се најблиските засолништа и како најбрзо да се стигне до истите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни