Летни новости во кафе-книжарницата ,,Илика”

Летниот период секогаш носи посебна ведрина која поттикнува пријатни средби и дружење. Кафе-книжарницата ,,Илика” ги споделува новитетите за ова лето и ве поканува да ја посетите и да бидете дел од оваа градска книжевна приказна која станува едно од омилените места за читање и уживање во Скопје.

Летниот период секогаш носи посебна ведрина која поттикнува пријатни средби и дружење. Кафе-книжарницата ,,Илика” ги споделува новитетите за ова лето и ве поканува да ја посетите и да бидете дел од оваа градска книжевна приказна која станува едно од омилените места за читање и уживање во Скопје.

Наутро и навечер во Илика Почнувајќи од понеделник (14. јули), Илика ова лето ќе работи двократно, од понеделник до сабота, од 9:00 ч. до 13:00 ч. и од 17:00 ч. до 22:00 ч. Ова е можност да ја посетите во вечерно издание и да уживате во амбиентот.

Летна акција (15.7 – 15.8)

Во периодот од 15. јули до 15. август  сите изданија на Илика, Бегемот, Сигмапрес и Слово ќе бидат по 40% намалена цена.

Летно мени

Тимот на ,,Илика” подготвува обновено мени: отсега, во текот на неделата таму може да се најде пиво и вино, додека за викендите се планирани специјални коктел-понуди за кои ќе има тековно известување. Во првата половина на денот, кафето и лимонадата ќе можат да се нарачаат со специјална цена.

Креативна работилница за изработка на џанк дневник #2

Минатиот месец се одржа првата работилница за изработка на џанк дневник која ќе се повтори месецов на 23. јули од 19:00 часот. Ова е одлична шанса да се искористат сите ситници кои се наоѓаат по домот и кои значат доволно, а не сакате да ги фрлите, но и да се разбуди креативноста и да се создаде нешто ново кое може да ве наврати на драги спомени како пишан дневник.

Еве некои идеи за што сè може да се залепи во вашиот џанк дневник: билети, обвивки од бонбони, интересни слики и текстови од списанија, обоена хартија… а, тимот на ,,Илика” ќе донесе дополнителни материјали кои ќе бидат споделени.

Работа на текст: групна уредничка работилница #2

Втората средба од новата работилница за уредување на текст ќе се одржи на 26. јули во 10:00 до 14:00 часот во Илика. Тимот ги очекува сите кои се заинтересирани да се придружат во мисијата за градење безбеден заеднички простор, во којшто ќе се зборува за идеи и ќе се уредуваат претходно испратени текстови за да ја се надмине осаменоста во процесот на пишување, давајќи си меѓусебна поддршка и помош. Пријавата е со праќање кратка неформална порака и вашиот текст (не подолг од 10 страници) на мејл адресата: ilika.publishing.shop@gmail.com најдоцна до 20.7.

За сето ова и уште многу други нешта кои ќе случуваат повеќе информации можете да најдете на Instagram и Facebook профилот на кафе-книжарницата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни