Младите можат во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики, поддржано од Embassy of the Netherlands in North Macedonia летово организира Летна програма за градење на здрави животни навики кај младите луѓе.
,,Креиравме интересна шестдневна програма за здрави навики. Заедно со други млади од твојот град ќе имаш можност да истражиш интересни теми и аспекти од вашите животи и навики. Ќе разговараме за здрави реалции, ментално здравје, грижа за себе и здрава трансформација. Веруваме дека овие неколку одвоени часови од твојот распуст ќе бидат интересна инвестиција за себе” велат организаторите.
Локацијата и времето на секој модул ќе бидат дополнително објавени. По завршување на модулите следува и сертификат за учество.
„Градење на здрави животни навики кај младите луѓе“ е проект реализиран од страна на Младите можат во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики, поддржано од Embassy of the Netherlands in North Macedonia .