Во хотелот „Дрим“, започна 25. издание на Летниот регионален универзитет во Струга, континуирана обука наменета за професорите по и на француски јазик од земјите од Југоисточна Европа.
Настанот го отворија Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција и г-дин Иго Бештел, Советник за култура и соработка и Директор на Францускиот институт во Скопје.
Г-дин Емануел Самсон, Претставник на меѓународната организација на Франкофонијата и Директор на КРЕФЕКО, г-ѓа Флоранс Минери, Заменичка-Претседател на Канал Франс Интернасионал за Медитеранот и Азија, и г-ѓа Жад Бенреждал, Претседателка на фондацијата „Бел Идеал“, зборуваа на оварањето на летната школа.
Летниот регионален универзитет, во рамките на којшто специјализирани обучувачи ќе анимираат педагошки модули на најразновидни тематики, ќе трае до 28 јуни.