„Летаргија“ – изложба на цртежи од Ангел Коруновски во Музеј на град Скопје

Зародиш на концептот на изложбата е глобализацијата, пласирањето на лажни информации и вредности како и потценувањето на луѓето и нивните способности. Осознавањето преку брза информација без потковување на знаењето кое изискува време и истражување преставува глобален проблем во целото општество кое се движи во погрешен правец, комплетна капитализација и вреднување на материјални добра како основен идентитетски печат кај единките.

Живееме во време на брзи вистини, поддадени и наложени вредноси, нема индивидуалност, луѓе слични кои функционираат како бинарен број кој е зададен да создаде една наметнато поставена слика.
Делата на изложбата се сурови, искрени и голи како нужна потреба на отсликувањето на општеството, впрочем нели културата е образ, огледало на времето и општество во кое живееме?
Цртежите се работени во комбинирана техника каде тушот и перото се појдовна точка, додека алатките како PROCREATE & PHOTOSHOP прават колмуниција во создавањето на една монументално творба во дигитален формат.

Се надевам дека публиката ќе ужива во едно негување на класичниот начин на творење преку фундаментот на ликовниот начин на изразување – ЦРТЕЖОТ репрезентиран во нов начин на презентација како дигитална монументална уметност – Ангел Коруновски

Изложбата ќе биде отворена на 09. 10. 2024 и ке трае до 23. 10. 2024 година.

Промотори на изложба – Сашо Димоски и Јасмина Намичева

дизајн Лазе Трипков

Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам на Република Македонија, Музеј на град Скопје, винарија Тристо и Општина Велес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни