Лери Елисон го симна Илон Маск од тронот на најбогат човек во светот

Денеска се случи пресврт на глобалната листа на најбогати: Илон Маск повеќе не е најбогат човек на светот.

Со пораст од неверојатни 40% на акциите на „Oracle“, коосновачот и технички директор на компанијата, Лери Елисон, ја зголеми својата нето-вредност за 101 милијарда долари, достигнувајќи вкупно 393 милијарди долари, јавува Bloomberg. Тоа е најголемиот еднодневен раст во историјата на компанијата.

Маск, кој со години беше на врвот благодарение на успехот на Tesla, SpaceX и купувањето на социјалната мрежа X, сега е симнат од првото место по богатство.

Елисон, кој поседува 41% од „Oracle“, официјално стана најбогатиот човек во светот.

Извор: LB

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни