Леонардо Ди Каприо откри зошто никогаш не го гледал „Титаник“

Леонардо Ди Каприо призна дека никогаш не го гледал својот култен филм „Титаник“ и објаснува зошто обично ги избегнува своите филмови

Леонардо Ди Каприо, 51-годишниот актер, во разговор со колешката Џенифер Лоренс за емисијата „Актери за актери“, која беше објавена во средата од страна на Variety и CNN, откри дека никогаш повторно не го гледал блокбастерот „Титаник“ од 1997 година.

„Не ги гледам своите филмови“

За време на разговорот, 35-годишната Лоренс го праша Ди Каприо, колега од филмот „Не гледај горе“:
– „Го гледаш ли Титаник?“
На што тој кратко одговори:
– „Не. Никогаш не сум го гледал.“

– „Ох, би требало. Се обложувам дека сега би можел да го гледаш, многу е добар“, додаде Лоренс.

Ди Каприо потоа објасни:
– „Всушност, не ги гледам своите филмови. Ти ги гледаш?“
– „Не“, одговори Лоренс, шегувајќи се: „Никогаш не сум снимила нешто како Титаник – ако бев, сигурно ќе го гледав.“

Таа додаде:
– „Еднаш бев многу пијана и пуштив ‘Американски измамници’. Се прашав: ‘Дали сум добра во глума?’ Го пуштив и не се сеќавам што одговорив.“

Постојат исклучоци

Иако избегнувањето на своите филмови е негово правило, Ди Каприо призна дека има еден проект на кој се враќа. Во разговор за Esquire со режисерот Пол Томас Андерсон, откри дека станува збор за филмот Aviator („Авијатичар“):

– „Редко гледам било кој од своите филмови“, рече тој.
– „Но, ако сум искрен, има еден што сум го гледал повеќе од другите. Тоа е ‘Авијатичар’. Беше толку посебен момент за мене.“

„Титаник“ како голем експеримент

Филмот Титаник, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најгледаните и најпрофитабилните филмови во историјата, а Ди Каприо и Кејт Винслет ги направи суперѕвезди.

Актерот во 2016 година се присети за Deadline како изгледало снимањето:

– „Титаник во голема мера беше експеримент за Кејт Винслет и мене. Снимивме сите тие независни филмови. Ја сакав како актерка и таа рече: ‘Ајде да го направиме ова заедно, можеме.’ Ние го направивме тоа и стана нешто што никогаш не можевме да го предвидиме.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни